More

    Премиерот Ковачевски изјави дека треба да се почекаат фактите од извештаите за да се утврди причината за смртта на шестгодишното девојче во битолската болница

    spot_img

    Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека треба да се почекаат фактите од извештаите за да се утврди причината за смртта на шестгодишното девојче во битолската болница.

    – Во однос на тој случај вие знаете дека истиот ден кога се случи беше направен вонреден инспекциски надзор од страна на ДЗСИ. Беше информирано и Обвинителството и извештаите, како што информираше вчера заменичката министерка за здравство, веќе се доставени до Министерството за здравство. Врз основа на нив ќе се утврди точната причина што се има случено. Јас не би можел да прејудицирам што точно се има случено, бидејќи пред сè не сум медицинско лице. Меѓутоа, врз основа на сите факти ќе бидат носени одлуки во иднина, но прво да почекаме да бидат споделени фактите за точно што се има случено во битолската болница – рече Ковачевски денеска беше во фабриката „Везе Шари“.

    Премиерот смета дека ние имаме функционален здравствен систем, којшто има голем број вработени и за којшто се обезбедени финансиски средства на ниво од 0,8 милијарди евра во Буџетот за 2023 година.

    На забелешките дека нема доволно медицински кадар, Ковачевски рече дека во здравството е потребно да се направи прераспределба на кадрите. Како пример го посочи Скопје, каде според него, некаде има вишок на кадри.

    – И на Министерството за здравство и нормално на директорите на клиниките, е да ги распоредат кадрите во рамките на државата таму каде што имаат потреба, бидејќи се добива понекогаш впечаток дека во некои места има недостиг, а во некои места во принцип сакаат најмногу да работат сите работници. На пример, во градот Скопје некаде се јавуваат одредени вишоци на кадри така што треба да се направи добро распоредување на ресурсите и согласно тоа да функционира системот на уште подобро ниво – рече Ковачевски.

    Меѓу другите прашања на новинарите, во врска со ситуацијата со уставните измени во земјата, премиерот вели дека тие нема да се одложат. Ковачевски не одговори кога точно ќе биде формирана комисијата која ќе работи на нив, но најави дека во тимот за подготовка на уставните амандмани ќе членуваат врвни експерти.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img