Си го ризикуваше животот за да спречи страшен верижен судар во Србија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во верижниот сообраќаен судар што синоќа се случи во северниот дел на Србија, поточно на патот Бачка Топола-Суботица во која учествувале десетина возила, би можело да има повеќемина повредени лица доколку на самото место на несреќата не се нашол поранешниот најдобар стрелец во Првата македонска фудбалска лига, Мартин Мирчевски.

Како што објавуваат локалните медиуми, Мирчевски, кој сега е член на српскиот клуб ТСЦ од Бачка Топола, се нашол во близина на несреќата заедно со уште петмина свои колеги, па со негова помош била спречена поголема трагедија.

Фудбалерите излегле од автомобилот и им сигнализирале на останатите учесници во сообраќајот да ги запрат своите возила и да не удрат во веќе удрените автомобили.

До несреќата дошло како последица на невреме, односно песочна бура која предизвикала намалена видливост во овој дел на земјата.

Инаку, Мирчевски е роден во Битола и игра на позицијата лево крило.

Својата кариера тој ја започна во редовите на ФК Пелистер, а играше и за Беласица и за Победа. Сезоната 2020-2021 ја помина во редовите на ФК Вардар, а потоа потпиша за Академија Пандев, каде што постигна 16 погодоци на 18 натпревари.

Мирчевски од минатата година е член на ТСЦ Бачка Топола, а досега има постигнато 9 погодоци на вкупно 26 натпревари.

Share This Article