More

    Македонците кои вадат бугарски пасоши ќе плаќаат 100 евра за адреса во Ќустендил

    spot_img

    До 100 евра пораснала тарифата за обезбедување адреса за кандидирање за бугарско државјанство со регистрација во Ќустендил, соопштиле лицата кои помагаат во таквата постапка, објави БНР.

    Според медиумот, пред 10 до 15 години му се плаќале по 50 лева на сопственикот на имотот кој ја давал својата адреса за регистрација при барање за бугарско државјанство, пренесе Дојче веле.

    „Тогаш на една адреса имаше регистрирани над 500 луѓе. Сега тарифата скокнала до 100 евра заради малата понуда на адреси – едноставно капацитетот на градот се исцрпил. Со двојно државјанство, регистрирани во Општината се околу 15.000 лица, околу 15 отсто од вклучените во избирачките списоци за претстојното гласање на 2-ри април (…) Прави впечаток тоа, што во последните месеци, откако односите со Северна Македонија се влошија, а во соседната земја антибугарските расположенија ескалираат, бројот на баратели за бугарско државјанство е намален”, објави БНР.

    Петстотини лица на една адреса во Ќустендил или околината, не е податок кој ја изненадува бугарската јавност. Рекордот го држи реонот „Средец“ во Софија. Избирачкиот список во 2021 година покажа дека најголемиот број запишани гласачи Македонци со бугарски државјанство биле заведени на една иста адреса – улицата „Леге“ бр. 6. Воедно тоа е и адресата на која се наоѓа управата на реонот „Средец“.

    – Според законот, сите лица кои добиле бугарско државјанство, а живеат во странство, добиваат постојана адреса во зградата на администрацијата на реонот – објасни во март 2021 година градоначалникот на „Средец“, Трајчо Трајков.

    До јули истата година, а во пресрет на парламентарните избори, градоначалникот преброил дека на улицата „Леге“ број 6 со службена адреса се водат околу 23.500 Македонци со бугарски пасош.

    – Од Република Северна Македонија бројката е приближно 23.500. Околу две третини од регистрираните на оваа адреса се вклучени во избирачките списоци. Значи, од овие 23.000, пресметувајќи ги возрасните, приближно 16.000 ќе имаат право на глас – изјави Трајков.

    Три години претходно, во декември 2018 година, беше обелоденета уште почудна адреса за Македонци со бугарско државјанство.

    Катја Матева, поранешна директорка на одделението задолжено за издавање на државјанства во бугарското Министерство за правосудство, во интервју за „ЕУобсервер“ изјави дека „електричен столб (бандера) е пријавен како „дом“ на илајдници Македонци со бугарско државјанство“.

    Таа обвини дека тоа е дел од измамата организирана и измислена за продажба на сертификати за бугарски државјанства. Матева работела во Министерството до 2016 година, а била отпуштена бидејќи одбила да учествува во измамата.

    – Илјадници луѓе се регистрирани на електричен столб – изјави таа, истакнувајќи дека станува збор за село во близина на Благоевград.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img