Зеленски го кани Си Џинпинг на гости

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати покана до кинескиот претседател Си Џинпинг да ја посети Украина.

– Ние сме подготвени да го пречекаме овде – рече Зеленски во интервју за Асошиејтед прес.

Си не разговарал со Зеленски од почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари минатата година, но Кина минатиот месец објави план од 12 точки за „политичко решение на украинската криза“.

Си разговараше за конфликтот со рускиот претседател Владимир Путин, за време на државната посета на Москва минатата недела, иако разговорите не покажаа напредок за тоа како да се стави крај на војната. Кинескиот предлог вклучува повик за деескалација и прекин на огнот во Украина.

Украина го поздрави дипломатскиот ангажман на Кина, но Зеленски рече дека ќе ги разгледа мировните решенија само откако руските трупи ќе ја напуштат украинската територија.

САД го отфрлија предлогот, велејќи дека Кина нема кредибилитет затоа што одбива да ја осуди Русија за нејзината инвазија врз Украина. САД велат дека прекинот на огнот во овој момент ќе ги зацврсти руските територијални придобивки и ќе ѝ даде на војската на Путин повеќе време да се прегрупира.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека целта на Владимир Путин е да го избрише идентитетот на Украина како независна, суверена нација и да го апсорбира во Русија.

– Оваа војна е напад не само врз Украина, туку и врз меѓународниот поредок заснован на правила што се обидуваат да го одбранат меѓународниот мир и стабилност и да поддржат, според Повелбата на Обединетите нации, „еднакви права на мажите и жените и големи и мали народи – посочи Блинкен на виртуелна панел сесија на тема „Праведен и траен мир во Украина“, пред утрешното отворање на вториот Самит за демократија.

 

- Advertisement -
Ad image
Share This Article