More

    Актерот Дејвид Џејсон откри по 52 години дека има ќерка, како и десетгодишен внук за кој исто така не знаел дека постои

    spot_img

    Актерот од култната серија „Сплетки“, Дејвид Џејсон (83) откри по 52 години дека има ќерка, како и десетгодишен внук за кој исто така не знаел дека постои, а ја опишува својата радост кога дознал за новите членови на семејството.

    Како што сега изјавил познатиот Дел Бој, тој досега не знаел ништо за неа, ниту дека воопшто постои. Легендарниот актер сега гради нови семејни врски, бидејќи меѓу другите членови на неговото семејство ја прифати и својата наследничка чија фотографија се појави на социјалните мрежи.

    Во интервју за весникот британскиот актер вели: „Малку е да кажам дека бев изненаден“.

    „Кога, конечно, ги запознав ќерката и внукот, се обидувам да го надоместам изгубеното време. Мило ми е и се среќаваме секогаш кога можеме“, додаде тој.

    Аби е родена во 1970 година откога мајка ѝ Џенифер Хил имала кратка врска со Џејсон. Аби почнала да си претпоставува дека е ќерка на Дејвид кога дознала за нивната врска и кога забележала дека таа и актерот имаат слична форма на носот.

    Актерот е во брак со Гил Хинчклиф, со која ја има 22-годишната ќерка Софи Меј. Не им пречи што има дете од претходната врска.

    „Мојата сопруга и ќерка ми дадоа голема поддршка и разбирање и ја прифатија Аби и, ѝ посакаа добредојде во семејството“, изјави актерот. Аби ги поминала празниците во нивниот дом во Елесборо.

    „Дејвид е многу оптимист. Се чини дека е невозможно да се надополни изгубеното време, но тие мора да дадат сè од себе. Се среќаваат секогаш кога можат. Сакаат да се зближат уште повеќе“, рекол извор близок до актерот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img