Полициската управа на Метро Нешвил објави снимка од камери на телото што ги носеле најмалку двајца полицајци. Камерите ги носеле Рекс Енгелберт и Мајкл Колазо, полицајците кои ја убиле жената што го изврши нападот во 10:27 часот.
На снимката се гледа како полицајци влегуваат во училиштето и го бараат напаѓачот. Постојано се огласува аларм за тревога.
Слушнале пукотници на вториот кат и се упатиле по скалите, покажува снимката. Полицајците се приближиле до звукот на пукањето, а Енгелберт, вооружен со автоматска пушка, го свртел аголот и пукал повеќе пати во едно лице во близина на голем прозорец.
Жената потоа паѓа на земја, по што друг службеник и пука четири пати со пиштол. „Престани да се движиш“, извикува додека напаѓачот лежи на земја.
Полицајците потоа и пријдоа на жената и го тргнаа пиштолот.
Полицијата во Нешвил претходно објави видео на кое се гледа како напаѓачот влегува во училиштето. На снимката, која се чини дека е од надзорните камери во зградата, се гледа како Одри Хејл пука во влезната врата и потоа се качува низ скршеното стакло за да влезе.
Вчера три деца и тројца возрасни беа убиени во пукање во приватно основно христијанско училиште во Нешвил, на југот на САД.
Нападот го извршила 28-годишна жена идентификувана како Одри Елизабет Хејл, поранешна ученичка во училиштето, која била убиена од полицијата на местото на настанот.