Тежок верижен судир се случи во Србија на патот Бачка Топола – Суботица во која учествувале десетина возила, а првичните информации говорат дека седум луѓе се повредени.
Според информациите кои ги пренесуваат медиумите во Србија, до несреќата дошло како последица на невреме, односно песочна бура која предизвикала намалена видливост во овој дел на земјата.
Полицијата го блокираше сообраќајот на излезот од Суботица, а истрагата е во тек.