More

    Идните ученици ќе видат како изгледа еден ден во училиштето

    spot_img

    На 4 април (вторник) ќе се одржи отворен ден во Меѓународното училиште Нова. Настанот „Пролетен отворен ден“ кој го организира училиштето ќе ги опфати сите аспекти поврзани со образованието на еден ученик, сите семејства кои се заинтересирани може да дознаат повеќе за програмата на училиштето, едукативната филозофија, училишниот кампус, како и за сите домашни и меѓународни акредитации и партнерства.

    Настанот се состои од две сесии. Едната е утринска сесија која започнува во 8:30 часот и е наменета за ученици во предучилишниот центар и основнотото училиште (од тригодишна возраст до петто одделение), а втората е попладневна сесија закажана во 17:15 часот, наменета за ученици во предметна настава (од шесто одделение до четврта година гимназија).

    – Покрај основните информации за нашата академска програма, училишните дополнителни активности и поддршката во учењето, посетителите на настанот ќе можат да видат и како изгледа еден училишен ден во Нова. Во текот на посетата, тие ќе имаат можност да разговараат со одговорните лица од нашата уписна канцеларија и да постават конкретни прашања, како и да се сретнат со нашите советници за академска и социо-емоционална поддршка – велат од училиштето.

    Нова е препознатлива и по активностите и иницијативите што ги организира Здружението на родители и наставници, чии претставници ќе бидат присутни на отворениот ден за да одговорат на поставените прашања. За децата-гости се планирани интерактивни едукативни игри и прошетка низ кампусот предводена од ученици на Нова.

    – Ни претставува особена чест и задоволство да го отвориме кампусот на Нова кон пошироката јавност и да демонстрираме што е тоа што го прави нашето училиште посебно – велат од Нова.

    Заинтересираните посетители може да го пријават своето присуство на следниот формулар.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img