More

    Битолчани утре ќе протестираат за смртта на 6-годишното девојче

    spot_img

    Членовите на семејството на малата Јана од битолското село Кравари која почина минатата недела во битолската болница, заедно со битолчани, утре ќе излезат на протест под мотото „Правда за Јана“, „Сите сме Јана“, на плоштадот „Магнолија“ во Битола, во 19 часот.

    Целта на протестот е насочување на вниманието за состојбите во македонското здравство, за одговорноста да се бара на вистинското место, а вината да не се насочува кон родителите, според објавите на социјалните мрежи.

    – Го чекаме последниот збор од битолското Обвинителство за смртта на Јана. Обдукцијата мора да ја даде вистината, а тоа ќе значи дека родителите на Јана ја кажаа вистината и реалната слика за смртта на нивното девојче. Вината никако не смее да се фрли кон родителите, туку да се бара одговорност на вистинската врата. Мора да се каже вистината за македонското здравство. За лекувањето, за третманот на пациентите, за немањето на лекови и здравствени работници, за немање апарати и сѐ што значи квалитетно здравство. Ако му се случи ова на едно петгодишно дете, тогаш што е со хроничните болни, со постарите лица со дијагноза, каква здравствена заштита ќе добијат тие? – прашува Игор Петковски од Битола, кум на малата Јана и организатор на протестот.

    Девојчето почина минатата недела на детското одделение во битолската болница. Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола, при што здравствените инспектори не утврдиле пропусти во лекувањето на Јана, како што соопшти ДСЗИ.

    Направен бил и увид во медицинската евиденција, а земени се изјави и од здравствените работници кои го третирале детето. Семејството Христовски не е задоволно од извештајот на ДСЗИ. Сѐ уште не се готови резултатите од обдукцијата што треба да ја утврди причината за смртта.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img