Официјален Пекинг одби директно да ја коментира одлуката на Русија да распореди нуклеарно тактичко оружје во Белорусија. Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи за Спутник одговори дека никогаш не треба да се започнува нуклеарна војна, а дека страните треба да се фокусираат на дипломатско решение во кризата, јаваува Тасс.
„На 3 јануари минатата година, лидерите на државите со нуклеарно оружје издадоа заедничка изјава во која се вели дека е невозможно да се победи или да се води нуклеарна војна. Во соопштението се нагласува дека војните меѓу државите кои поседуваат нуклеарно оружје треба да се избегнуваат и да се намалат стратешките ризици“, потсети Мао Нинг.
Путин на 25 март најави дека распоредувањето на оружјето е договорено меѓу Русија и Белорусија, додека Пенатагон и Берлин го нарекоа потегот „нуклеарно заплашување“.
Реакцијата на Западот нема да влијае на плановите на Русија да распореди тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Таквата реакција, се разбира, не може да ги промени плановите на Русија – изјави Песков пред новинарите во Москва, пренесува РИА.
Агенцијата пишува и дека одговорот на НАТО за одлуката на Путин како „опасна и неодговорна“ ги обесхрабрила граѓаните во Кина. Во статијата се вели дека читателите на кинеското издание на „Гуанча“ биле огорчени од овие зборови на Алијансата.