More

    На некои наши сограѓани, особено помлади и поулави, не им се чека градската власт да го исполни ветувањето дека градот ќе има бесплатен автобуски превоз, па решиле да се снајдат на свој начин

    spot_img

    На некои наши сограѓани, особено помлади и поулави, не им се чека градската власт да го исполни ветувањето дека градот ќе има бесплатен автобуски превоз, па решиле да се снајдат на свој начин.

    Момче на ролерки се држи за градски автобус во движење во Скопје, додека околни возачи го снимаат за социјалните мрежи. „Може на Твитер“, уредно си прашува снимателот, а видеото го има и на Тик-ток.

    Се разбира, ваквото „шлепање“ на автобус или на било кое друго возило е исклучително опасно, и бездруго е забрането, па освен што ризикува да се повреди, момчето ризикува и некој надлежен за безбедност во сообраќајот да го препознае и да го гони за кршење на сообраќајните правила. Ако за ништо друго, тогаш затоа што ваквите видеа со „подвизи“ на социјалните мрежи им даваат лош пример на помладите и тие често страдаат во обид да го повторат „предизвикот“. Неодамна во Скопје заврши фатално обид на девојче да се слика на електрична локомотива.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img