Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека од почетокот на војната во Украина, ставот на Србија е ист и дека вчера не кажа ништо ново кога изјави дека Србија ја оставила отворена можноста за воведување санкции за Русија, но дека медиумите пренесуваат делови кои им биле интересни.
Тој повтори дека може да се воведат санкции доколку српската економија и граѓаните почнат да трпат непоправливи штети, односно доколку има дополнителни притисоци, но дека засега нема потреба да се размислува за санкции против Русија.
Тој посочи дека оваа влада нема да ја одведе државата во изолација.
Дачиќ на телевизија Хепи рече дека трговската размена на Србија со Русија никогаш не била голема, едвај две до три милијарди долари и дека најголем дел од тоа е увозот на енергија од Русија и дека сега тие што наводно вовеле санкции имаат поголема трговска размена со Русија. од порано.
Шефот на српската дипломатија изјави дека Србија од почетокот го поддржувала територијалниот интегритет на Украина и секогаш гласала за таквите резолуции на ОН