More

    Српски планинари се заглавија во Албанија, еден тешко повреден при пад од височина

    spot_img

    Четворица српски планинари се заглавиле на планина покриена со снег при искачувањето на највисоката точка на Проклетија Језерски врв од албанската страна, од долините на Валбона и Тет, пишува Блиц. Еден од нив паднал од висина и тешко ги повредил екстремитетите, па со хеликоптер итно бил префрлен во болница во Тирана.

    Албанската полиција, како што јави Блиц, соопшти дека повредениот планинар бил под надзор на лекар и дека по повредата не можел да се движи.

    Фотографии од спасувачката акција во која учествуваа повеќе од 50 полицајци, на својот Фејсбук профил објави албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши.

    „Оперативците на воздухопловните сили успешно превезоа четворица српски планинари со два хеликоптери АБ 206 и ЕЦ 135 кои се лизнаа и се здобија со физички повреди на преминот од Валбона кон Тет. Еден од повредените е пренесен во Универзитетскиот болнички центар „Мајка Тереза“ и е под надзор на лекар, додека другите тројца се за среќа неповредени“, напиша Пелеси.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img