Српскиот претседател Александар Вучиќ одговори на наводите од опозицијата која го нарече лудак. Во интервју за ТВ Пинк тој рече дека ќе објасни „зошто јас сум лудак“. Во долгто интервју тој појасни дека колку појасна е разликата во разликата во резултатите, толку повеќе ќе го нарекуваат лудак, пренесува Н1.
– Никој не би го издржал ова. Нема човек кој вака го напаѓаат секој ден – изјави Вучиќ.
Како што вели Вучиќ, објавена е и фотографија од неговиот син како шета низ градот со натпис дека социјалните мрежи горат, додавајќи дека не се плаши од Роберт Чобан и неговата сопруга.
– Нивниот проблем, проблемот на сите нив сум јас, човек кој не се плаши од тоа што ќе го измисли 50 Милован Бркиќ. Немам проблем со тоа бидејќи на сите можам сè да им кажам во лице – изјави Вучиќ.
– Нема да се плашам од бедниците кои мислат дека им треба за сè да им биде простено… Немам пакт со никого, имам пакт со народот на Србија и не ми е гајле што пишувате. Правете тоа што ќе ви падне на ум – додава тој.
Коментирајќи ја изјавата на австрискиот новинар Кристијан Версуц дека три месеци пред рускиот напад на Украина од него знаел дека ќе има војна , Вучиќ рече дека во ноември во Сочи се сретнал со рускиот претседател Владимир Путин и дека по таа средба изјавил дека се плаши каква ќе биде судбината на светот.
– Не затоа што претседателот Путин ми кажа нешто, разбрав што ќе се случи во Украина. Секогаш одвојуваше 45 минути за да зборува за Украина, тогаш не зборуваше ниту три минути. Тоа ми беше доволно. Кога секој пат има потреба да објаснува, а тогаш потребата веќе не постои, одлуката е донесена. Не би можел да зборувам толку отворено, но недвосмислено реков дека очекувам да се случат големи промени – изјави Вучиќ.
Вучиќ најави дека не е пророк, и дека ништо не предвидел, туку само ги средил фактите, бидејќи сега, како што објасни, очекува во јуни да следи одлука за забрзана интеграција на Украина во ЕУ.
Српскиот претседдател изјави дека Соединетите Американски Држави создаваат свој блок во Европа, во кој ќе бидат вклучени Естонија, Литванија, Летонија, Полска и Украина, кои заедно имаат повеќе жители од Франција и кои ќе станат најсилниот блок во ЕУ.
Според него, попречувањето на ископувањето на литиум во Србија бил проект на странските служби во Србија кои сакале да го запрат нејзиниот напредок.
Тој говореше и за новото Народно движење за Србија кое тој го покренува.
Вучиќ рече и дека кога просечната плата во Србија ќе надмине 1.000 евра, тогаш луѓето ќе почнат да се враќаат во земјата.