Руско-американски збратимувања во моментот тешко може да се претпостават. Но, такво нешто има – далеку од Земјата. Руските космонаути се пречекани од екипажот на ИСС со славје, прегратки и ракување.
Летот на руските космонаути беше успешен. Олег Артемијев, Денис Матвејев и Сергеј Корсаков пристигнаа на вселенската станица ИСС со својот вселенски брод од типот Сојуз МС-21. Непосредно потоа беа пречекани со славје, прегратки, ракување, високо подигнати палци и фотографии за сеќавање од своите колеги на ИСС – Русите Антон Шкаплеров и Пјотр Добров, Американците Марк Ванде Хеи, Томас Маршбарн, Раџа Чари и Кајла Барон, како и Германецот Матијас Маурер.
Снимката од еден од астронаутите додека капсулата се подготвува да се спои со вселенската станица, покажува како е облечен во сино одело. Запрашан за жолтите одела, Олег Артемјев рече дека секој екипаж ги избира своите одела за да не бидат исти.
– Наш ред беше да ја избереме бојата. Но, всушност собравме многу жолт материјал, па моравме да го искористиме. Затоа моравме да носиме жолто – рече тој.
Тројцата руски космонаути на ИСС пристигнаа по три часа лет од станицата Бајконур во Казахстан. Соработката помеѓу САД и Русија во вселенските истражувања е оптоварена многу поради руската инвазија на Украина, иако и двете страни нагласуваат дека ИСС засега останува да работи. Руски РОСКОСМОС не дава одговор околу иднината на ИСС по истекот на актуелниот договор во 2024 година, додека НАСА стреми кон продолжување на работата до 2030 година.