More

    Со три законски решенија до поквалитетна настава

    spot_img

    Три нови законски решенија ќе го стимулираат напредокот на средното, стручното образование и обука, како и образованието на возрасните. Нацрт верзиите се изготвени низ повеќе дискусии организирани периодов со засегнатите страни и во нив интегрирани се сите конструктивни забелешки. Два од законите веќе беа објавени и на ЕНЕР системот каде граѓаните дадоа свои сугестии и предлози за да се унапреди содржината пред испраќање во Собранието. Наскоро и Законот за средно образование ќе се објави на владиниот систем, велат од Министерството за образование.

    Новите закони за средно и за стручно образование и обука, како што посочуваат од МОН, првенствено треба да обезбедат повеќе права и можности за учениците, наставниците, стручните соработници, бизнис заедницата.

    – Со истите се предвидува унапредување на практичната обука и концептот на дуално образование кој има голема улога во поврзувањето на образовниот систем со пазарот на трудот, а фокусот е ставен и на подигнување на степенот на инклузивност во формалното и неформалното образование – додаваат од МОН.

    Оттаму нагласуваат дека новиот Закон за образование на возрасните ќе го зајакне системот за валидација на неформалното учење со што ќе им се овозможи стекнување на квалификации на повозрасните лица со ниско ниво на образование кои имаат минимални или се без квалификации, со што пазарот на труд ќе се отвори и за нив и полесно ќе можат да дојдат до соодветен работен ангажман.

    Министерството за образование и наука во денешното соопштение изразува благодарност до сите учесници во процесот на креирање на законските решенија – јавноста, Државниот испитен центар, Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно образование и обука, средните училишта, меѓународните партнери Делегацијата на ЕУ, УНДП, УСАИД, ОБСЕ, Хелветас и стопанските комори и ги охрабрува сите останати во следните денови да дадат свој придонес во усвојувањето на најдобрите верзии.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img