МТЕЛ на македонската публика ѝ ја најавува втората сезона на најпопуларната балканска хит-серија „Јужен ветар“ со поднаслов „На граница“, која ќе почне да се емитува од 27 март преку каналот Суперстар, кој е дел од понудата на mSAT TV.
Од компанијата најавуваат дека новите 12 епизоди носат интензивна драма и акција за судирот меѓу криминалните групи, државата, разузнавачите од меѓународната сцена, а Мараш нема друг избор освен да продолжи понатаму. Серијата ќе се емитува секој работен ден со почеток од 21 часот.
– Се соочува ли нарко-босот конечно со противник кој не може да го победи? По купување на земјиште на планираната траса за гасоводот „Јужен тек“ за снабдување на Западна Европа со руски гас Мараш се обидува да се спаси себе и својата екипа уценувајќи ја државата. Сепак, брзо станува јасно дека нарко-босот ќе биде принуден да повлече многу ризични потези за да може, заедно со семејството и со својата екипа, да ја преживее војната која неговиот водач Црвени му ја наметна – информират од МТЕЛ што може да очекуваат гледачите во новите епизоди.
Врвната продукција која што стои зад продолжението на „Јужен ветар“ и актерската екипа ветува дека новата сезона ќе ја воодушеви публиката многу повеќе од филмот и првата сезона од серијата.
Милош Биковиќ продолжува и во новите епизоди маестрално да го толкува ликот на Мараш. Миодраг Радоњиќ и во продолжението е верниот придружник на Мараш, Бача, a Цар го толкува Предраг Мики Манојловиќ. На екипата ѝ се придружуваат и холивудските ветерани Ерик Робертс и Вилијам Болдвин.
Повеќе информации за пакетите на mSAT TV сателитската телевизија на МТЕЛ може да добиете на mtel.mk или на телефонскиот број 15010, како и во повеќе од 600 продажни локации низ државата.