More

    Лажната фотографија веќе прошета по социјалните мрежи

    spot_img

    Лажна е фотографијата која го прикажува рускиот претседател Владимир Путин како клекнува пред својот колега Си Џинпинг на нивната неодамнешна средба во Москва, анализира Дојче Веле(ДВ). Фотографијата била направена со помош на вештачка интелигенција, а меѓу доказите е и фактот дека задниот чевел на Путин е несразмерно широк и голем, додека ногата му изгледа издолжена.

    Според анализата на ДВ, голема е и покриената глава, а деформирано е и увото на Путин.

     

     

    Но, највпечатливата грешка е на рацете на човекот кој седи лево од Путин и Си. Неговите раце како да се спојуваат една во друга.

    Ова се типични грешки за фотки направени од вештачка интелигенција. Претходно, лажни фотки од некогашниот претседател Доналд Трамп кој бидува уапсен станаа хит на социјалните мрежи. Се чини дека со софтверите како Midjourney и Dall-E кој е екстензија на ЧатГПТ можат да се направат вакви уверливи монтажи со едноставно утипкување на она што сакате да го добиете од програмата.

    Од Дојче Веле користеле посебна програма-детектор за вештачка интелигенција наречена Hugging Face. Детекторот забележува дека 57 отсто од сликата е вештачка.

    Проблемот настанал кога требало да се испита потеклото на фотографијата. Преку Reverse image search не можат да се најдат изворите, освен тоа дека за првпат некој ја објавил на 20 март. Дојче Веле барале и во архивата на руската агенција ТАСС и во онаа на Гети Имиџис, но не нашле слична фотографија со таков ентериер или поза која би можела да послужи за основа од која понатаму вештачката интелигенција би можела да прави модификации, односно измени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img