More

    Утре го славиме светецот Кирил Пејчиновиќ

    spot_img

    Пишувал на народен македонски јазик и тоа на неговиот тетовски говор, а бил меѓу првите учители и просветители иако почнал само како калуѓер. Сега, Кирил Пејчиновиќ е прогласен за светец, а утре, на 25 март, за првпат ќе бидат чествувани 178 од неговата смрт. Напишал три книги, го обновил Лешочкиот манастир и не дозволил грчките свештеници да го премислат.

    Бил роден во селото Теарце во 1771 година, се школувал во Лешок, Кичево, во манастирот свети Јован Бигорски, а потоа заедно со фамилијата заминале за Света Гора. За да можат да се преселат татко му и чичко му го продале имотот во Теарце. Сите се закалуѓериле.

    По враќањето од Хиландар од Света Гора Пејчиновиќ ја напишал својата прва книга „Книга сија глаголемаја Огледало“ во 1816 година. Ја пишувал книгата во Марковиот манастир каде тогаш живеел и отворил училиште. Во книгата ги нападнал своите колеги попови кои се здружиле со Турците и кои, според него, го измачувале сопствениот народ. Го напаѓа и паганството кај народот. Тука неговите дела се паралелни со оние на Јоаким Крчовски, негов современик,  со кој заедно се сметаат за први просветители.

    Пејчиновиќ ја поистоветувал верата со народноста.

    По дваесет години го напушта Марковиот манастир, под притисок на грчкиот владика. Патувал, проповедал, собирал стари текстови. Барал помош од македонските трговци и занаетчии за печатење на книгите. Тој прв пишувал на еден народен јазик, во кој дури имало и турцизми, а луѓе го разбирале и читале.

    Но, таквиот народен јазик отпрвин бил пречка да се испечати неговата  следна книга, „Утешение грешним“, за која тој помош барал директно од српскиот кнез Милош. Подоцна, Пејчиновиќ решава да оди во Солун и таму да ја испечати книгата во познатата печатница на Теодосиј Синаитски која Пејчиновиќ морал сам да ја возобнови.

    Синатиски го напишал предговорот за книгата. Во книгата има различни молитви, приказната за војникот, за Таксиот кој воскреснал од мртвите, а најобемниот и најоригиналниот дел од оваа книга е Поуката за бракот.

    За денешните научници, контроверзиите околу предговорот каде се пишува дека тоа е „бугарски јазик“ се должат на фактот дека терминот бугарски сè до 50-тите години на 19 век означувал „словенски јазик“, од познатото грчко „вулгарос“. Да потсетиме, Пејчиновиќ творел на преминот на 18 во 19 век.

    Блаже Конески ќе забележи дека Пејчиновиќ пишува на тетовскиот говор.

    Во „Слово на празниците“ повторно до израз доаѓа тетовскиот говор каде поучува како народот да ги слави христијанските празници.

    Пејчиновиќ напишал и епитаф – надгробен натпис во стихови. Тоа всушност е првата македонска објавена песна. Бил погребан во Лешочкиот манастир.

     

    Епитаф на Кириловиот гроб

     

    Теарце му негово рождение,

    Пречиста и Хиландар посрижение,

    Лешок му е негоо воспитание,

    Под плочава негоо почивание —

    От негово свое отшествие

    До Христово второ пришествие.

    Молит вас, браќа негои љубимија,

    Хотјашчија прочитати сија.

    Да речете: Бог да би го простил,

    Заре у гроб црвите ги гостил

    Кирил.

    Овде лежи

    Кирилово

    тело,

    У манастир

    и у Лешок

    село –

    Да бог за

    Доброе

    дело.

    Стиховите „Заре у гроб црвите ги гостил“ долго време беа предмет на расправа во науката, но се докажа дека тие ги додал Кириловиот помошник во манастирот, јеромонахот Арсениј, кој бил во лоши односи со Пејчиновиќ, кој, наместо Арсениј, одлучил за наследник игумен да го прогласи својот ученик Серафим.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img