More

    Французите уште палат и жарат за пензиите

    spot_img

    Непознати лица го запалија градското собрание во Бордо во Франција во големите протести кои сè уште траат во државата, против зголемувањето на границата за пензија на 64 години. Пожарот бил изгаснат од пожарникарите.

    Повеќе од милион луѓе во Франција се борат со полицијата, со солзавецот, а запалени предмети и инциденти има и во Париз. Следниот вторник во земјата на посета доаѓа британскиот крал Чарлс III, а синдикатите допрва повикуваат на нови протести, пишува Би-Би-Си.

    Во Париз маскирани демонстранти кршеа излози, демолираа уличен мебел и нападнаа ресторан на Мекдоналдс, според новинската агенција Ројтерс.

     

     

    Пожарникарите кои штрајкуваат можеа да се видат на покривот на една зграда во Париз за време на протестите во четвртокот.

    – Се спротивставувам на оваа реформа и навистина се противам на фактот дека демократијата веќе не значи ништо – изјави демонстрант за Ројтерс.

    – Токму со протести ќе можеме да се огласиме бидејќи сите други начини… не ни дозволија да ја повлечеме оваа реформа – рече друг за новинската агенција АФП.

    Немирите, исто така, го нарушија патувањето со воз, рафинериите за нафта, а наставниците и работниците на парискиот аеродром Шарл де Гол останаа без работа.

     

     

    Во четвртокот беа затворени и популарните туристички атракции како Ајфеловата кула и Версајската палата, каде што е планирана вечера за кралот Чарлс и францускиот претседател Емануелн Макрон следната недела.

    Во северниот град Руан, млада жена е видена како лежи на земја откако се здобила со сериозна повреда на раката. Сведоците рекоа дека таа го загубила палецот откако била погодена од таканаречена граната „флеш топка“ испукана од полицијата за да ги растера демонстрантите.

    Имаше и други судири во западните градови Нант, Рен и Лориен.

    – Улицата има легитимитет во Франција – изјави демонстрант во Нант.

    – Ако господинот Макрон не може да ја согледа оваа историска реалност, не знам што прави тој овде.

    Опозицијата вели дека протестите нема да се намалуваат, но синдикатите ќе треба да смислат стратегија за понатаму.

    Штрајкуваа и париските собирачи на ѓубре, кои го започнаа својот штрајк против пензиската реформа на 6 март, а го продолжија до следниот понеделник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img