Neuzeller Klosterbräu, пиварница во источна Германија, тврди дека смислила начин да создаде пиво во прав кое, кога ќе се измеша со вода, има речиси идентичен вкус на обичното пиво, кое доколку нивниот план се оствари, навистина може да ја промени индустријата за пиво!Реално гледано, во целиот процес се трошат многу ресурси за транспорт на тешки и гломазни стаклени шишиња, но играта значително се менува доколку наместо тоа низ светот се транспортира само прашок…
Стефан Фриче, директор на споменатата пиварница, во едно интервју рече дека го измислиле „првото пиво во светот кое е целосно во прав“, кое вклучува и алкохол и карбонизација.
Погодна алтернатива?
„Додадете вода и ќе добиете пиво со целосен вкус на пиво, вклучувајќи алкохол, јаглерод диоксид и пена. Во принцип, со овој метод, можеме да произведеме секое пиво во светот: темно пиво, светло пиво, индиско бледо пиво, било кое“, рече тој.
Фриче верува дека љубителите на пиво на почетокот ќе бидат скептични за нивниот изум, но нагласи дека никогаш не му била намерата да го замени класичниот пијалок, туку да понуди погодна алтернатива за извоз и испорака во странство, пренесува Нови лист.
Според изворот, пиварата Нојцелер Клостербрау наводно го развила пивото во прав со помош на владино финансирање, а Фриче додал: „Апсолутно е фасцинантно што успеавме“. За комерцијална употреба, тие се надеваат дека ќе станат достапни оваа година.