More

    Чарлс Трети ја посети Франција среде кризата и ѓубрето во Париз

    spot_img

    Британскиот крал Чарлс Трети, кој следната недела пристигнува во државна посета на Франција, веројатно ќе се соочи со некои немири во таа земја среде општествено незадоволство, поради што улиците се полни со ѓубре, а сообраќајот е небезбеден.

    „Ќе има иницијативи околу кралската посета“, изјави за Франс прес извор близок до синдикатите кои организираат протести и штрајкови во Франција, незадоволни од пензиските реформи.

    Истиот извор наведе дека посетата на британскиот крал би можела да биде „мета на демонстрантите“.

    Посетата на Чарлс Трети, како симбол на пријателството по долгогодишни спорови меѓу Лондон и Париз, доаѓа во време кога Франција со недели се соочува со социјално незадоволство поради усвоената пензиска реформа.

    Британскиот крал и неговата сопруга Камила доаѓаат во Париз, каде на улиците има неколку десетици илјади тони ѓубре поради штрајкот на градските работници за чистење.

    Кралот треба да го посети и Бордо, каде е планирано возење со трамвај, што може да биде загрозено од демонстрантите.

    „Речиси е сигурно дека кралот нема да може да патува со трамвај“ поради предупредувањето за прекин на услугата, изјави неименуван претставник на синдикатот за локалните медиуми.

    Од друга страна, јавната установа која зависи од Министерството за култура Mobilier national (Mobilier national) потврди дека за време на оваа посета ќе биде поставен црвениот тепих. Штрајкувачите и синдикатите ја повикаа таа институција да не обезбедува црвен тепих, мебел, знамиња или нешто што ги придружува државните посети на високи функционери за време на посетата на кралот.

    Од таа институција најавија дека црвениот тепих ќе го постават вработените кои не штрајкуваат и кои се мнозинство.

    По два месеци протести, интервјуто на францускиот претседател Емануел Макрон за локалните телевизии не ги смири страстите, бидејќи за денеска се планирани протести.

    Извор близок до Макрон изјави дека британската и француската страна се уште работат на програмата за посетата на британскиот крал и дека некои работи може да се решат во последен момент.

    За новинарите кои се задолжени да ја следат посетата, што ретко се случува за патување од големо дипломатско значење, се уште ништо не е соопштено.

    Британската влада денеска соопшти дека не била информирана за какви било промени во планот за посетата на Чарлс Трети.

    Според прелиминарниот план на посетата, како што претходно беше соопштено од Бакингемската палата, се очекува кралот да му се придружи на Макрон во понеделник на комеморацијата и церемонијата на положување венци во Триумфалната капија во Париз и да им се обрати на француските сенатори.

    Кралот потоа треба да посети органско лозје во Бордо, како и регионот кој минатото лето беше уништен од шумските пожари.

    Во понеделник навечер е закажан државен банкет во Версајската палата, симбол на француската монархија.

    Пратениците од опозицијата веќе го изразија своето незадоволство од вниманието што ќе му се посвети на кралот, а не на „народот на улица“.

    Британскиот крал по Франција ќе ја посети и Германија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img