Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната средба со министерката за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Анелина Бербок рече дека „уставни измени под бугарски диктат нема да има и дека овој пратенички состав нема мандат добиен од граѓаните да учествува во таков процес“.
Како што информира ВМРО-ДПМНЕ, средбата Мицкоски – Бербок се одржа во просториите на германската резиденција во земјава, а присуствуваа и потпретседателите на партијата, Александар Николоски, Гордана Кочоска Димитриевска и Тимчо Муцунски, како и членот на Извршнииот комитет Антонијо Милошоски.
-ВМРО-ДПМНЕ нема да се впушта во таков процес кој го наметнува власта која, пак, на тоа гледа како начин да купи време и да се амнестира за криминалот кој се прави на дневно ниво. Потребни се реални реформи и придвижување на патот кон ЕУ, а не декларативна заложба, како што прави власта – рекол Мицкоски на средбата со Бербок.
Фото: МИА