Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во интервју за медиумската куќа ТВ Звезда на руското Министерство за одбрана беше прашан како ќе заврши војната. Неговиот одговор беше пресечен во подоцнежните преноси.
Штојгу на прашањето одговори: „Секоја војна завршува со мир“.
На прашањето колку брзо може да се очекува мир во Украина, Шојгу се сврте и ја напушти просторијата.
Западните аналитичари сметаат дека рускиот претседател Владимир Путин сака да ја одолговлекува војната што е можно подолго за да ја ослаби поддршката што западните земји и ја даваат на Украина и да ја исцрпи земјата со постојана воена состојба.
На фактот дека поддршката на Западот за Украина со текот на времето може да ослабне, навести и претседателот на Чешка, кој изјави дека очекува со текот на времето да се намалува поддршката на Западот за Украина, пишува во средата германскиот весник Sueddeutsche Zeitung. една од првите изјави на членка на НАТО која укажува на можен пад на поддршката за Киев.