More

    Кинеска војска: Американски разурнувач илегално влегол во Јужното Кинеско Море

    spot_img

    Кинеската војска во четвртокот соопшти дека забележала и придружувала американски разурнувач кој илегално влегол во водите околу островите Парасел во Јужното Кинеско Море.

    Во соопштението, војската рече дека разорувачот со наведувани проектили УСС Милиус навлегол во територијалните води на Кина, нарушувајќи го мирот и стабилноста на прометниот воден пат.

    „Нашите сили постојано ќе бидат во состојба на готовност и ќе ги преземат сите неопходни мерки за одлучно да го заштитат нашиот суверенитет и безбедност и стабилност во Јужното Кинеско Море“, изјави Тијан Џунли, портпарол на јужната команда на Кина.

    Американската морнарица ја оспори изјавата на кинеската војска во четвртокот, велејќи дека разурнувачот спроведувал „рутински операции“ во Јужното Кинеско Море и дека не бил избркан.

    „САД ќе продолжат да летаат, пловат и оперираат секаде каде што дозволува меѓународното право“, се вели во соопштението на Седмата флота на американската морнарица.

    Тензиите меѓу САД и Кина се зголемија во областа.

    Соединетите Држави ги зајакнуваат сојузите во азиско-пацифичкиот регион со цел да се спротивстават на кинеската самоувереност во Јужното Кинеско Море и Тајванскиот теснец додека Пекинг се обидува да ги унапреди своите територијални амбиции.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img