„Урбан радикал над Белград“ е насловот на интервјуто во исклучително популарниот магазин „Плејбој“ од 2004 година, во кое писателката Исидора Бјелица му постави 20 прашања ни помалку ни повеќе на човекот кој во следните години ќе стане централна фигура на српската политичка сцена. – Александар Вучиќ.
Во стилот на Дионис, денеска претседателот на Србија, Вучиќ позираше на кревет во бела карирана кошула, пренесува City Magazine.
Додека со едната рака држи грозје над главата, во скутот има чинија со овошје додека во раката држи книга.
За насловната фотографија на интервјуто е избрана онаа на која Вучиќ е насмеан.
Тој број сега е на аукција.
„Сега ова интервју за Плејбој е неверојатна надреална новинарска реткост“, се вели во описот на рекламата.
За колекционерите или барем љубителите на ликот и делата на Александар Вучиќ, доколку сакаат да ја имаат оваа копија во своите витрини или врамена на ѕид, ќе треба да ги издвојат сите 100.000 динари (околу 1.683 км), што е цената на ова издание.