Витаминот Д е витамин кој помага во подобра апсорпција на калциум и фосфор во телото, имајќи голема улога во градењето и одржувањето на здравјето на коските. Покрај неговите главни улоги (за хомеостазата на калциум и коски), витаминот Д има и други важни улоги, меѓу кои е способноста директно да делува на имунолошкиот одговор на телото. Нашето тело го произведува овој витамин само кога кожата е изложена на сончева светлина, но го внесуваме во телото и преку храната.
Еве кои намирници содржат најголеми количини на витамин Д:
1. Лосос
Лососот е добро позната масна риба и во секој случај е еден од најдобрите извори на витамин Д, пишува Тајмс оф Индија.
2. Млеко
Отсекогаш било познато дека млекото е извор на калциум, но дали знаевте дека може да биде извор и на витамин Д? И кравјото и млекото од соја се богати со витамин Д, чија консумација го подобрува функционирањето на вашето тело.
3. Сок од портокал
Оние кои немаат нетолеранција на лактоза и не сакаат растително млеко, секогаш можат да појадуваат свежо цеден портокал. Портокалот е полн со витамин Д и е совршен избор за почеток на денот.
4. Жолчка од јајце
Можеби жолчката никогаш не се сметала за многу здрав дел од јајцето, но можеме да потврдиме дека содржи витамин Д, кој е неопходен за функционирање на телото. Сега можете да се опуштите и да јадете повеќе јајца.
5. Масло од црн дроб на треска
Ако никогаш не сте слушнале за оваа храна, сега е совршено време да го направите тоа. Оние кои не сакаат риба секогаш можат да посегнат по ова масло, кое е одличен начин за внесување на витаминот Д во организмот.
6. Печурки
Со исклучок на млекото од растително потекло и сокот од портокал, печурките се единствениот неживотински извор на витамин Д.
7. Црвено месо
Иако црвеното месо не е најздравиот вид на месо, важно е понекогаш да го вклучите во вашата исхрана. Особено оние видови богати со витамин Д, имено говедско и јагнешко месо.
8. Конзервирана туна
Конзервираната туна е одличен природен извор на витамин Д, а добрата работа е што таа е лесно достапна храна за која не треба да издвоите многу пари.
9. Житарици и овесна каша
Иако не се толку богати со витамин Д, житариците и овесната каша секако можат да ви помогнат да го подигнете нивото на витамин Д во вашето тело.