More

    Малолетник се гони за дело „тероризам“

    spot_img

    Кривична пријава против 15-годишник од Скопје за сторено кривично дело „тероризам”, (член 394-б став 2 од Кривичен законик) е поднесена денеска до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам.

    МВР информира дека пријавениот малолетник на 24. февруари годинава, користејќи го својот мобилен телефон креирал електронска адреса, и истиот ден, користејќи го својот лап-топ компјутер од својот дом, испратил порака со заканувачка содржина на службената електронска адреса на едно средно училиште во Скопје, за која по извршени проверки било утврдено дека е лажна. Притоа, со цел да ги прикрие своите активности при испраќање на поракaта малолетникот користел ВПН апликација.

    Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика утврдил која е користената IP адреса, чиј сопственик е таткото на малолетникот, а по наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во домот на родителот на малолетникот, од каде привремено се одземени мобилен телефон, сим-картичка и лаптоп компјутер, кои ги користело малолетното лице.

    Од извршеното вештачење е утврдено дека истата електронска адреса е користена за да се испраќаат пораки со заканувачка содржина до неколку училишта на територијата на град Скопје од мобилен телефон и од лап-топ компјутер, во повеќе наврати.

    На 03. март годинава во присуство на родителот, инспектор за малолетници и семејно насилство од СВР Скопје и адвокат, во полициска станица е извршен службен разговор со малолетникот, во текот на кој тој го појаснил начинот на извршување на кривичното дело, информира МВР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img