Едно лице загина при уривање на четирикатница во Доха, главниот град на Катар, соопштија денеска властите.
Според катарското Министерство за внатрешни работи, спасувачите пронашле седуммина преживеани, а лицето кое загинало било во зградата во моментот на уривањето.
Надлежните сè уште не дале објаснување за уривањето на зградата.