More

    Како државата им ја одзема можноста на младите побрзо да се вработат

    spot_img

    Ги имаат сите оценки и потписи од професорите во своите студентски индекси, навремено ја изработиле и уредно му ја предале дипломската работа на својот професор-ментор, целосно се подготвени да го одбранат својот дипломски труд и конечно можат да почнат да бараат работа според својата струка…

    Но, за да не биде сѐ толку розево, како планина пред студентите е испрчен Системот за анализа и за пронаоѓање плагијати во трудови во склоп на Министерството за образование и наука (МОН), кој, очигледно, не им дозволува на дипломците толку лесно и толку брзо да се ослободат од канџите на бирократијата.

    Како што објаснуваат нашите соговорници-студенти, менторот е должен секоја дипломска работа да ја прикачи на Системот за анализа и за пронаоѓање плагијати во трудови, а студентот добива термин за бранење на дипломската дури откако менторот ќе добие повратен одговор дека трудот не е плагијат.

    Проблемот е во тоа што, како што се жалат студентите, целата таа процедура некогаш знае да потрае и со месеци.

    „Падни-стани“

    Студент од Скопје, чија дипломска работа веќе некое време е „заглавена“ во Системот за анализа и за пронаоѓање плагијати во трудови, вели дека негови колеги чекаат дури и до половина година за да добијат дозвола за бранење на дипломската.

    Сметам дека е потребно да се смисли друг систем, бидејќи овој не ни врши работа. Постојано се јавуваат некакви технички проблеми.

    Мерсел БиљалиУниверзитетски професор

    – Менторот ја прегледува дипломската работа, ја одобрува и ја препраќа во Министерството за образование каде што треба да помине филтрација преку софтвер за детектирање плагијати. Откако ќе го помине филтерот, документот повторно му се враќа на менторот. Но, целата таа процедура на прегледување трае со месеци. Тоа е крадење време, бидејќи за тој период ние веќе можеме да најдеме работа и да почнеме да заработуваме. На пример, познавам мои колеги на кои буквално „им гори“ под нозете и кои не сакаат да пропуштат добра шанса за вработување, па се принудени да бркаат врски во МОН и да молат процесот на проверка за плагијаторство да помине за што е можно најкратко време. Познавам и такви кои уште во септември минатата година ја предадоа дипломската кај менторот, а менторот веднаш ја испратил на проверка во МОН, но термин за бранење на трудот добија дури во јануари годинава. Цели 5 месеци беа потребни за да помине дипломската преку софтверот – раскажува нашиот соговорник, кој од разбирливи причини сакаше да остане анонимен.

    За лошото искуство со Системот за пронаоѓање плагијати во трудови говори и универзитетскиот професор Мерсел Биљали, кој во разговор за Плусинфо посочува дека работата на софтверот не е конзистентна и дека програмата постојано прави „падни-стани“.

    – Час работи, час не работи. Сметам дека е потребно да се смисли друг систем, бидејќи овој не ни врши работа. Постојано се јавуваат некакви технички проблеми. Честопати се случува да се загубат документите, односно дипломските трудови целосно да исчезнат од системот. Некогаш, пак, ќе испратам дипломски труд за проверка, а веќе за неколку часа ми го испратиле целосно филтриран. Некогаш, ќе испратам документ, а одговор ќе чекам со месеци. Едноставно, системот не функционира како што треба, но најголемата штета ја имаат студентите кои се принудени со месеци да чекаат – објаснува Биљали.

    Од МОН се бранат дека се во прашање денови, не месеци

    Од Министерството за образование и наука (МОН), пак, тврдат дека Системот за анализа и за пронаоѓање плагијати во трудови функционира беспрекорно и дека се потребни само неколку денови, а не месеци, за да се провери еден дипломски труд.

    – Не се месеци во прашање, туку денови. И сѐ зависи од оптовареноста на системот, односно колку дипломски трудови во моментот се прикачени и чекаат да бидат проверени. На пример, ако во моментов се закачени 20 предмети, тогаш системот не може сите одеднаш да ги помине, туку ги повлекува еден по еден по правилото „прв дојден, прв услужен“. Целата работа зависи од тоа кога точно менторот го прикачил документот на системот, бидејќи во извештајот пишува кога е поставен и кога е завршен. Инаку, станува збор за софтвер кој проверува дали документот што го имате поставено е плагијат или оригинал. Софтверот вади проценти, а одлуката дали е плагијат ја носи самиот професор, односно менторот. Ако вие сега поставите одреден документ, софтверот може да покаже дека 75% од содржината е плагијат, меѓутоа треба да се има предвид дека во резултатите влегуваат и сврзниците. Професорот е тој што треба да одлучи дали текстот е плагијат. Софтверот не носи одлуки. И пак ќе повторам, целиот процес трае најмногу три дена – објаснува Горан Галевски, портпарол на МОН, за Плусинфо.

    Иако првичното отворање оди прилично бавно и тешко, сепак Плусинфо по неколкуминутно чекање успеа да влезе на веб-страницата plagijati.mon.gov.mk, каде што е јасно наведено на кој начин функционира алатката.

     

    Оваа порака се појавува кога ќе побарате пристап до веб-страницата за проверка на плагијати. По неколку обиди, пораката исчезнува и успевате да пристапите.

     

    „Овој систем овозможува лесно и ефикасно откривање на трудови што претставуваат плагијати на веќе објавени, оценувани или презентирани трудови. Системот има цел да овозможи едноставен и интуитивен интерфејс за поставувањеЈА  трудови. Студентите и истражувачите/научниците можат лесно да ги поставуваат своите домашни, семинарски, дипломски, магистерски, докторски и останати типови на научни и стручни трудови. Притоа, овозможен е механизам за споредба на поставените трудови со постоечки трудови и проверка на нивната оригиналност, односно, дали дел од содржините веќе се објавени и претставуваат копија од некои други содржини“, ќе прочитате на насловната страна ако успеете воопшто да влезете на сајтот.

    На сајтот се прецизирани и чекорите што треба да ги направите за да прикачите документ за проверка, а посочен е и пример како изгледа крајниот резултат:

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img