More

    Бензините и дизелот ќе се продаваат по иста цена

    spot_img

    Мазутот од ноќеска на полноќ поевтинува за 1,052 денари за килограм, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

    Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 отсто.

    Новата малопродажна цена на Мазутот М-1 НС ќе изнесува 37,078 денари за килограм.

    Бензинот од 95 октани и понатаму ќе се продава за 81 денари за литар, тој од 98 октани за 83 денари, а дизелот по цена од  74 денари. Екстра лесното масло за горење ќе има цена од  73,5 денари за литар.

    Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,142 отсто, кај дизелот за 1,811, кај екстра лесното масло за 2,208 и кај мазутот за 3,583 отсто.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img