Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, заедно со директорката на Агенцијата за просторно планирање, Андријана Андреева, денеска оствари работна средба со Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите Нации во Република Северна Македонија и Лилијан Кандикијан, соработник за финансии во канцеларијата на ОН.
Фокус на денешната работна средба беше урбанистичкото решение за крајбрежниот појас на Охридскиот регион, каде двете страни меѓусебно беа информирани за своите активности.
Министерот Бочварски на средбата недвосмислено потенцираше дека главен приоритет на Владата на Република Северна Македонија е зачувување на природното и културно наследство.
Притоа министерот ја истакна благодарноста на тимот експерти од Обединетите нации кои даваат сериозна поддршка во изработка на физибилити студија која претставува значаен документ за постапката за урбанизација на Охридското крајбрежје.
Обединетите Нации се долгогодишен партнер на Република Северна Македонија, преку стратешка поддршка на националните приоритети и асистенција во подобрување на ефикасноста и ефективноста на активностите во различни ресори на национално ниво.
Со почит.