Претседателот Александар Вучиќ го оцени однесувањето на КФОР за време на последната криза на Косово како многу рационално, одмерено и професионално. За тоа му се заблагодари на генерал-мајор Даниел Т. Ласик
„Многу коректна средба со генерал-мајор Ласик, кому особено му се заблагодарив за рационалното, одмерено и професионално однесување на единиците на КФОР во кризниот период“, порача српскиот претседател Александар Вучиќ на својот Инстаграм профил.
Вучиќ на средбата со директорот за стратегија, планирање и политика на Европската команда на САД, Даниел Т. Ласик, изрази уверување дека добрата соработка меѓу српските вооружени сили и САД ќе продолжи.