More

    Северна Кореја одговори на најголемите воени вежби во последните години

    spot_img

    Јужна Кореја наведува дека Северна Кореја лансирала неколку стратешки крстосувачки ракети. Тоа е последното лансирање на ракета откако Јужна Кореја и Соединетите Држави ја започнаа 10-дневната воена вежба наречена „Штитот на слободата“ минатата недела.

    Северна Кореја истрела неколку стратешки крстосувачки ракети кои паднаа во Јапонското Море, соопшти јужнокорејскиот Генералштаб.

    Истовремено, јужнокорејскиот Генералштаб нагласи дека се уште добиваат попрецизни податоци за денешните ракетни лансирања.

    Со лансирањето во текот на изминатата недела, Пјонгјанг реагира на воените вежби, најголеми во последните пет години, кои моментално ги спроведуваат Соединетите држави и Јужна Кореја. Северна Кореја ги перцепира сите такви вежби како подготовка за инвазија и постојано се закануваше со големи одмазднички мерки.

    Минатата недела Северна Кореја ја лансираше својата најголема и најмоќна балистичка ракета Хвасонг-17, што беше второ севернокорејско лансирање на интерконтинентална балистичка ракета оваа година.

    Меѓутоа, минатиот викенд севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун лично ги надгледуваше дводневните вежби на севернокорејската војска. Тие вклучија и симулација на нуклеарен контранапад, вклучително и лансирање на балистичка ракета.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img