Во последните недели и месеци многу се зборуваше за договорот на Лука Модриќ со Реал Мадрид и дали тој ќе ја продолжи соработката со кралскиот клуб.
Според Флоријан Плетенберг, новинар на германски Скај Спорт и човек кој е многу сигурен кога се во прашање трансферите, Лука Модриќ започнал преговори со Реал Мадрид за продолжување на договорот.
Плетенберг тврди дека Модриќ покрај со Реал Мадрид влегол во преговори и со уште два клуба.
„Реал и Модриќ започнаа преговори за нов договор до 2024 година, но во исто време за Модриќ се заинтересирани клубови од Катар и Саудиска Арабија“, изјави Плетенберг и додаде:
„Можно е да го напушти Реал на крајот на сезоната. Конечната одлука се очекува најдоцна за еден месец“.
Модриќ во Реал пристигна во 2012 година од Тотенхем за 35 милиони евра и оттогаш одигра 473 натпревари. Постигна 37 гола и забележа 76 асистенции.