More

    Пекинг завиен во густ облак од песочна бура: „Тоа е најлошиот феномен оваа година“

    spot_img

    Кинеската престолнина е обвиена во густ облак од песочна бура. Загадувањето на воздухот скокна на опасни нивоа, соопшти локалната метеоролошка служба.

    Неколку кинески провинции беа покриени со песочна бура, а главниот град Пекинг исто така беше обвиен во густ облак од портокалова прашина. Според локалниот центар за следење еколошки фактори, индексот за квалитет на надворешниот воздух со цврсти честички ПМ10 ги надмина највисоките вредности од сите досегашни мерења.

    Надлежните поради тоа ги предупредија жителите да не остануваат на отворено во текот на овие денови, а возачите ги повикаа да бидат внимателни и да ја намалат брзината поради слабата видливост во сообраќајот.

    Концентрацијата на честичките ПМ10 достигна 1.667 μg/m3 (микрограми на кубен метар) до 6 часот по локално време, соопштија властите во средата, опишувајќи го феноменот како најлошата песочна бура во годината. Средната вредност на мерењата ги надминала препорачаните дневни упатства поставени од Светската здравствена организација за дури 37 пати и изнесува 45 микрограми на кубен метар.

    Кинескиот главен град често е погоден од песочни бури во текот на пролетта, а загадувањето од индустриската активност и брзото уништување на шумите го влошуваат квалитетот на воздухот во такви услови. Покрај Пекинг, неколку кинески провинции издадоа предупредување за временски услови, вклучувајќи ги Шанкси, Хебеи, Хејлонгџијанг, Џилин, Лиаонинг, Шандонг, Хенан, Џиангсу, Анхуи и Хубеи, соопшти кинеската метеоролошка управа.

    Кина користи систем за предупредување од четири нивоа, при што црвеното го означува најтешкото предупредување, проследено со портокалова, жолта и сина боја.

    Песочната бура патуваше од Монголија во вторникот и постепено се движеше кон централните и источните делови на земјата, соопшти кинеската метеоролошка служба. Поради недостигот на врнежи и ветрови со низок притисок, во земјава беа пренесени и честички од песок.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img