Според сознанијата до кои дојде редакцијата Охридскај, на само две недели пред почеток на колоквиумската недела, на Универзитетот се појавил недостиг од наставно научен– кадар, односно професори.
Поради недостаток на професори, на Универзитетот биле ангажирани лица кои немаат ниту еден званичен сертификат од МОН, досега не оддржеле ниту еден час, додека, пак, за предметот Програмирање, кој е еден од најважните предмети на Универзитетот, за предавање на практични вежби, поставиле целосно некфалификувани лица, без завршени Мастер студии, поточно биле демостранти со НУЛА денови работно искуство и соодветно знаење по предметот којшто го предаваат.
Редакцијата Охридскај се обиде да стапи во контакт со надлежните во Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, но за жал, ниту еден наш обид не вроди плод.
Редакцијата останува отворена за Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ доколку оценат дека има потреба да го изнесат својот став, бидејќи е најмалку што го должи кон јавноста.
Од друга страна, Министерството за образование и наука е должно да изврши вонреден инспекциски надзор во оваа научно–образовна установа.