More

    Милијардерот Руперт Мардок се жени по петти пат

    spot_img

    Медиумскиот магнат Руперт Мардок (92) се сврши со 25 години помладата девојка Ен Лесли Смит, само седум месеци откако се разведе од поранешната сопруга, манекенката Џери Хол (66).

    Ова ќе биде петти брак за Мардок. Претходно беше во брак соЏери Хол, претприемачката Венди Мардок (54), новинарката Ана Мардок Ман (78) и стјуардесата Патриша Букер.

    Мардок ја запросил нова девојка со дијамантски прстен на Ашер во петокот на 17 март во Њујорк.

    – Бев многу нервозен. Се плашев да не се заљубам, но знаев дека ова ќе ми биде последно. Подобро да е. Среќен сум – изјави Мардок за „Њујорк пост“.

     

    Двојката планира да се венча на лето.

    – И двајцата со нетрпение очекуваме да ја поминеме втората половина од животот заедно – изјави Мардок.

    Да потсетиме, Мардок има шест деца од првите три брака. Пруденс МекЛод, со првата сопруга Патриша Букер, потоа ќерката Елизабет и синовите Лаклан и Џејмс со втората сопруга Ана. Со третата сопруга Венди има уште две ќерки Грејс и Клои. Четвртата сопруга на Мардок беше поранешниот супермодел Џери Хол, од која се разведе минатата година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img