Хитот на Нетфликс повторно е мета на критики поради кобната несреќа на принцезата Дијана

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Се чини дека популарната серија на Нетфликс „The Crown“ предизвика уште една полемика. Историската драма, која ја следи судбината на кралското семејство од 1940-тите, веќе многупати се соочува со жестоки критики за искривување на вистината.

Нетфликс претходно нагласи дека моментот на судирот нема да биде прикажан, но сепак извор за Дејли Меил изјави поинаку. Имено, на снимањето во британското студио Elstree се појавија фотографии од реплика на осакатениот Мерцедес во кој загина принцезата Дијана.

Дијана и нејзиниот љубовник Доди Фајед загинаа во раните утрински часови на 31 август 1997 година по сообраќајна несреќа во тунелот Понт де л’Алма во Париз. Нетфликс претходно нагласи дека моментот на судирот нема да биде прикажан во нивните серии, меѓутоа, извор сега за Дејли Меил изјави дека тоа не е така.

„Мислам дека на многумина нема да им се допадне тоа што го пресоздале згмечениот автомобил до толку детали, а кралското семејство ќе биде особено вознемирено“, рекол изворот.

Доди Фајед и возачот Анри Пол загинале на местото на несреќата, додека Дијана, која била пренесена во болница, починала подоцна од повредите. Британскиот телохранител Тревор Рис-Џонс беше единствениот преживеан во фаталната несреќа.

Нетфликс се најде на удар кога претходно одлучи да ја прикаже Дијана (Елизабет Дебики) како му дава интервју на Панорама на посрамотениот поранешен новинар на Би-Би-Си, Мартин Башир.

Во 2020 година, британскиот весник The Mail on Sunday започна кампања барајќи од Нетфликс јасно да им стави до знаење на своите милиони гледачи дека популарната серија ја извртува вистината и ги прикажува фактите како фикција. Многу политичари, кралски експерти и близок пријател на Чарлс ја поддржаа кампањата, која беше на удар на критики за погрешно прикажување на инцидентите во серијата. Меѓу критичарите беше и братот на Дијана, Ерл Спенсер, кој изјави дека не му е удобно да го гледа портретот на неговата сестра во серијата, а претходно изјави дека се плаши гледачите да заборават дека тоа е всушност фикција.

Нетфликс потоа одговори на кампањата со одрекување од одговорност минатата година.

Инаку, голем дел од серијата се фокусира на неуспешниот брак на Чарлс со Дијана, а исто така погрешно сугерира дека аферата меѓу Чарлс и Камила продолжила и за време на неговиот брак со Дијана. Чарлс всушност не бил во контакт со Камила во првите пет години од бракот со Дијана.

- Advertisement -
Ad image

Во октомври, серијата беше критикувана за сцената во која се гледа дека Чарлс тајно планира да ја собори кралицата додека тој сè уште беше принц од Велс.

„Сите разговори еден-на-еден што ги гледате на екранот се целосна измислица, а некои сцени се создадени целосно за драматични и комерцијални цели со мало внимание на вистината. Луѓето треба да го бојкотираат“, изјави Сер Џон за Daily Mail.

Историската драма, која започна во 2016 година, инаку е огромен хит на Нетфликс, па снимањето на секоја епизода сега чини околу 11,5 милиони фунти, пренесува Јутарњи.хр.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article