More

    Сопругата на Брус Вилис со трогателно видео за неговиот роденден

    spot_img

    Ема Хеминг, сопругата на Брус Вилис, објави ново видео по повод 68-от роденден на актерот во кое испрати емотивна порака до своите следбеници. Таа откри дека плачела штом се разбудила и дека гледањето стари видеа од нејзиниот сопруг „и го крши срцето“.

    „Значи, денеска е роденден на мојот сопруг. Денот го започнав со плачење. Како што можете да видите, очите и носот ми се црвени. Мислам дека е важно да ги видам сите страни на ова. Добивам многу пораки за тоа колку сум силна. Немам избор. Би сакала да го имам. Но морам да одгледам две деца во сето ова“, рече таа.

     

    „Во животот само треба да ги прифатиме работите. Меѓутоа, понекогаш сум тажна со денови. Истото се чувствувам и денеска, на неговиот роденден. Почнав да снимам видео со неговите снимки и, не знам зошто, но ми го крши срцето. Тоа го правам и за вас, знам колку го сакате мојот сопруг. Ви благодарам“, заклучила Хеминг.

    Таа неодамна одговори на обвинувањата дека „ја користи дијагнозата за деменција на нејзиниот сопруг за да стекне слава“. Таа сподели видео на Инстаграм каде зборува за тоа колку луѓе мислат дека се обидува да се промовира со објавување за здравјето на актерот. Освен тоа, таа претходно апелираше да го остават Брус на мира, особено кога тој излегува надвор куќата.

    За потсетување, откако семејството на Брус Вилис во март 2022 година објави дека на актерот му била дијагностицирана афазија и дека ќе се повлече од актерството, неодамна беше откриено дека има и нова дијагноза – деменција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img