Два верижни судaри го блокираа сообраќајот во Скопје

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Како што пренесуваат дел од медиумите, утрово се случиле два верижни судари во кои учествувале вкупно осум возила, едната сообраќајна несреќа се случила кај ТЦ Антико на булеварот Партизански одреди, додека другата пред Народната банка.

Според информацијата која ја сподели Прес24, во сударот кај Народната банка учествувале возило марка „голф“, „цитроен берлинго“ на Македонски пошти, како и „форд фиеста“ и „дачија сандаро“.

Поради сударот блокирана е едната лента од булеварот и сообраќајот се одвива отежнато, а повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

Во вториот верижен судир булеварот Партизански одреди во Карпош 4, спроти трговскиот центар Антико, учествуваа четири возила, меѓу кои марка „ходна“, „рено“ и „опел“, а едното од нив е такси возило, објави Макфакс.

Делови од автомобилите се расфрлани долж булеварот, во еден од нив е вклучено заштитното перниче поради силината на ударот. Од тоа што може да се забележи на две од возилата тркалата им се оштетени.

Засега нема информации за повредени лица во двата верижни судири, а на двете места има полициски екипи кои се вклучени сообраќајот да се одвива непрекинато и покрај тоа што двата булевари се делумно блокирани.

Share This Article