Пролетта започнува денеска во 22 часот и 24 минути, а ќе трае до 21 јуни или 92 дена, 17 часот и 33 минути.
Пролетта започнува кога Сонцето во своето очигледно годишно движење го преминува екваторот и се движи кон север. Тој ден Сонцето изгрева точно на исток (05:42 часот) и заоѓа на запад (17:50 часот). Денот и ноќта траат по 12 часа и се еднакви, па тој ден се нарекува ден на пролетна рамноденица.
За потсетување, само по неколку дена од пролетта ќе дојде летното сметање на времето кое започнува на 26 март и ќе трае до 29 октомври.