More

    Лаура Ковеси го спакува БоЈко Борисов !

    spot_img

    Шефицата на Европското обвинителство, Лаура Ковеси, во средата го посети бугарскиот премиер Кирил Петков во Софија, на кого му ја предаде документацијата за 120 случаи, за кои постои сомневање за корупција и несовесно работење со пари добиени од фондовите на Европската Унија.

    Случаите се однесуваат на повеќе полиња, од несовесно употреба на средствата од ЕУ, незаконско располагање со буџетските средства, неправилности во прераспределбата на земјоделските субвенции, а постои и основано сомнение дека бугарските власти коруптивно располагале со пакетот помош што ЕУ им го додели на земјите членки во екот на кризата предизвикана од пандемијата.Само еден ден посетата на Ковеси на Софија, следуваше апсењето на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, како и на неколку негови соработници од партијата ГЕРБ.

    Борисов е на распит во полицијата, а сè уште е непознато дали против него ќе биде поднесено обвинение. Утрово, пред зградата на бугарската Влада денеска се одржа мирен протест за одбрана на лидерот на најголемата опозициска партија во земјата. На приврзаниците на ГЕРБ им се придружија и пратениците од пратеничката група на оваа партија, кои побараа предвремени избори во Бугарија, оставка на владата, но главното барање им е итно ослободување на Бојко Борисов од притвор.

    Локалните медиуми забележаа дека ова е прв протест на партијата откако е во опозиција.

    Борисов е уапсен заедно со поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и владината Пи-Ар соработничка, Севдалина Арнаудова.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img