More

    На 81-годишна возраст почина Невенка Митревска, доајенка на македонското новинарство

    spot_img

    На 81-годишна возраст почина Невенка Митревска, доајенка на македонското новинарство, со исклучително познавање на надворешната политика. Митревска беше прва жена надворешно-политичка аналитичарка во македонското новинарство, чии извештаи и анализи беа исклучително ценети.

    Работниот век го помина во „Нова Македонија“, а подоцна беше на чело на првата македонска новинска агенција „Макпрес“. Долги години беше дописничка од Атина и дел од тимот извонредни новинари во Надворешната рубрика на весникот (Филип Симоновски, Свето Серафимов, Велко Коцев, Душко Малевски, Милчо Коцев, Гроздан Попов).

    Како многу млада таа беше дел и од редакцијата на „Нова Македонија“ која работеше во теренските услови покрај шатори во деновите по земјотресот во Скопје 1963. Подоцна стана дел од Надворешната рубрика и таму го достигна својот професионален зенит, а нејзините надворешнополитички анализи, коментари и репортерски извештаи беа истакнати. По пензионирањето Митревска се повлече живеејќи во близина на Скопје.

    Погребот ќе се изврши утре (17 март), во 11 часот на гробиштата „Бутел“ во Скопје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img