Вчера во 18.00 часот Ф.С.(49) од Скопје пријавил дека околу 10.00 часот во средно училиште на подрачјето на Бит Пазар, неговата малолетна ќерка била физички нападната од Ф.Ќ., професор во училиштето, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, наведено е во полицискиот билтен.