Собранието на Македонија денеска ја констатираше оставката на пратеникот Сурија Рушити од Алијанса на Албанците кој е именуван за директор на АД МЕПСО. На негово место пратеник ќе биде сопартиецот Ремзи Мемеди од изборната единица 5 од Кичево.
Претседателот на Собранието Талат Џафери на почетокот на седницата исто така кажа дека од дневниот ред е повлечена и одлуката за испраќање наши војници во мисијата во Либан.
На оваа нова собраниска седница има предложени повеќе точки, а меѓу нив е и Законот за здравствено осигурување со чии измени ќе се овозможи решавање на проблемот со набавка на лекот „трикафта“ за лицата болни од цистрична фиброза.
Исто така, Собранието треба да расправа за избор на уште една уставна судијка Елизабета Дуковска, а на дневен ред е и законот за амнестија за лицата од настаните на 27 април во Собранието.
Претходно денеска на прес-конференција пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе бара повлекување на Законот за игри на среќа и Законот за лекови и за медицински средства од дневниот ред на седницата.
Денешната 106. седница ќе продолжи во 14 часот во очекување на извештајот од ДИК за тоа кој пратеник ќе дојде на местото на Рушити.
фото: МИА