На 18-та седница, која се одржа вчера, советот на општина Дебрца ја усвои Завршната сметка на Буџетот на општината за 2022 година.
Од проектираниот буџет остварен е приход во вкупен износ од 103.200.284,00 денари или остварување од 91 %.
Билансот на трошоците е во рамките на одобрениот буџет и истиот за 2022 година изнесува 100.014.047,00 денари.
На вчерашната седница советот ги донесе Програма за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на општина Дебрца во 2023 година и Програмата за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести на територија на општина Дебрца за 2023 година.