More

    Дали ќе биде успешна третата аукција?

    spot_img

    На третата по ред електронска лицитација за продажба на зградата на Еуростандард банка понудата на компанијата Пантелеон ГС беше избрана за најдобра. Сега останува во следните денови стечајниот управник и собранието на доверители само да го потврдат купопродажниот процес.

    Пантелеон ГС, со цел да понуди реална цена, ја ангажираше независната интернационална ревизорска куќа РСМ Македонија. Ревизорската процена беше направена во декември 2022 година во присуство на претставник од стечајниот управник, а по стандардизирана методологија за евалуација на недвижен имот, соглано законски усвоена методологија, професионално и непристрасно почитувајќи го кодексот на етика.

    Објектот вклучува 1.977 м2 канцелариски простор, 1.512 м2 под земја наменети за трезор, архива, помошни простории и 20 паркинг места, или вкупна површина од 3.489 квадратни метри. Објектот ревизорската куќа РСМ Македонија го процени на 5,3 милиони евра, додека износот кој Пантелеон ГС го понуди изнесува 330 милиони денари (или 5.360.624 евра).

    На оваа аукција ѝ претходеа две неуспешни. Од продажбата на објектот треба да се обесштетат штедачите на пропаднатата Еуростандард банка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img