Рокот за формирање на нова влада, чиј мандат го доби пратеникот и поранешен дипломат врз основа на спорните измени на Законот за претседател, истекува денеска на полноќ.
Лекиќ ги известил претседателите на партиите дека нема мнозинство за формирање влада, бидејќи ја нема поддршката од четворицата пратеници на коалицијата Црно на бело на премиерот Дритан Абазовиќ.
Се уште не се знае дали претседателот Мило Ѓукановиќ ќе го распушти Собранието, на што има право според измените на спорниот Закон за претседател.
„Овој претставник Миодраг Лекиќ за мене е проблематичен, неговиот избор е правно проблематичен, но тој е дел од правниот систем, додека Уставниот суд не го суспендира. Сега сериозно размислувам за ваков Закон за претседател со експерти по уставно право. До 16 март ќе имам јасен став, кој секако ќе биде во согласност со Уставот“, изјави пред неколку дена Ѓукановиќ.
Со измените на Законот за претседател на Републиката, Собранието презема дел од овластувањата на шефот на државата при предлагање претставник за состав на владата.
Ѓукановиќ првично одби да ги потпише измените на тој закон, но откако парламентот повторно го усвои тоа законско решение и покрај силното противење на меѓународната заедница, која се закани дека ќе ги прекине преговорите со Европската унија, тој го потпиша бидејќи тоа го налага Уставот. .
Во меѓувреме Лекиќ се обиде да формира влада, но засега не му успева. Има рок до полноќ.
Иницијативата за оценување на уставноста на тој акт е пред Уставниот суд, кој профункционира по изборот на тројца судии дури на 27 февруари.
На владата на премиерот Абазовиќ и беше изгласана недоверба во август 2020 година, откако тој го потпиша Основниот договор со Српската православна црква.