Пијаниот возач кој уби дете на пешачки во Велес призна вина, в петок ќе добие казна

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Триесетгодишниот Ангелче Николов на денешното судење призна вина дека на пешачки во Велес ја усмрти 11 годишната Магдалена, а тешко ја повреди нејзината мајка во несреќата која се случи лани на 17 декември. В петок ќе му биде изречена казната на обвинетиот Николов.

Николов (30) на 17 декември, со уште неколку другари видени во неговото возило „мерцедес“, возејќи со голема брзина и пијан, на улицата „Борис Трајковски“ во близина на велешкото училиште „Васил Главинов“, на која е ограничено движењето на 30 километри на час, на пешачки премин удри во мајката и ќерката. Малата Магдалена од местото на ударот била отфрлена дваесеттина метри и веднаш починала. Нејзината мајка, која на пешачкиот премин била еден чекор понапред, тешко беше повредена.

„Признавам вина и му се извинувам и на семејството и на јавноста“, изјави пред судот Николов.

Обвинетиот избега и два дена се криеше, по што сам се предаде во полиција. Истражните органи го идентификуваа уште вечерта.

На денешното прво рочиште, Николов кажа дека е свесен за последиците од признанието, дека ќе добие затворска казна и дека ќе треба да плати отштета и трошоци.

Адвокатот на оштетеното семејство Јанаки Митровски побара од обвинителство да истражи кој го криел Николов два дена.

Николов претходно два пати бил казнуван за возење во алкохолизирана состојба.

Share This Article